Факти и Бројки - За

Јанг Лајф

Јанг Лајф НА УВИД

Јанг Лајф е глобална организација посветена да им донесе надеж и цел на младите луѓе ширум светот. Во регионот на Централна и Источна Европа (CEE), кој ги опфаќа Албанија, Бугарија, Чешка, Македонија, Полска и Романија, над 950 деца се вклучени во нашите неделни клубови и библиски проучувања. Повеќе од 3.,000 млади луѓе секоја година се дел од нашата служба. Во Македонија официјалната организација беше регистрирана во 2020 година, меѓутоа почетоците на работа со студенти кои присуствуваат на кампови во регионот започнаа во 2013 година.

1941

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЈАНГ ЛАЈФ

Во град во Тексас, млад водач по име Џим Рејбурн започнува да им покажува на младите луѓе колку Бог се грижи за нив, приклучувајќи се во нивниот свет и споделувајќи ја пораката за Божјата љубов преку Исус на начини и со зборови кои тие можеле да ги разберат и да ги прифатат.

100+

ЗЕМЈИ СО ВРАБОТЕНИ И ВОДАЧИ НА ЈАНГ ЛАЈФ

Денес, Јанг Лајф е глобална организација со локален фокус. Moжете да најдете водачи на Јанг Лајф од различни култури, националности и средини во повеќе од 100 земји низ целиот свет.

2 милиони

ДОСТИГНАТИ МЛАДИ ОД ВОДАЧИТЕ НА ЈАНГ ЛАЈФ

Без разлика дали тоа е во градовите или по селата, ​ во земјите на секој континент, водачите на Јанг Лајф работат со над 2 милиони млади луѓе, токму во нивните населби.

348,000

ДЕЦА ИНВОЛВИРАНИ НЕДЕЛНО

Од 1941 година, водачите на Јанг Лајф чекорaт со младите и го заработиле правото да бидат слушнати во еден исцрпувачки и возбудлив свет. Во 2018 година, 348.000 деца беа вклучени секоја недела низ целиот свет.

Наша работа

ЈАНГ ЛАЈФ е служба на поврзаност.​ Ние чекориме заедно со тинејџерите од CEE регионот низ нивниот живот. Им се радуваме на нивните триумфи и стоиме покрај нив во нивните тешкотии, сè со цел да им ја покажеме Христовата љубов.

Градиме пријателства.​ Се грижиме за децата така што ги запознаеме онаму кај што се и какви што се - во нивните училишта и населби, на нивните игралишта или секаде каде што се дружат децата. Ова го нарекуваме „контакт работа“ и е во срцето на нашата служба. Водачите на Јанг Лајф едноставно се појавуваат и започнуваат пријателство со еден од над 8 милиони млади луѓе во ​ CEE.

Клубот е место за добредојде.​ Клубот на Јанг Лајф е „забава со цел“. Клубовите се одржуваат неделно на позната локација во градот. Тоа е место за децата да се запознаваат, да се забавуваат, да играат игри, да пеат песни и можеби за прв пат да слушнат за Исус и Неговата љубов спрема нив.

Групата за учеништво е место за растење.​ Секој клуб и секое маало имаат неделни состаноци на групата или пак, еден на еден учеништво за да им помогнат на децата, кои сакаат да научат повеќе за Исус или да растат во својата вера. Тоа е време поминато во Божјото Слово, време за поставување прашања и време Бог да подигне некои од нив самите да бидат водачи во нивните заедници. Тие се охрабруваат да се вклучат и во нивната локална црква.

Кампот е место на трансформација.​ Многу деца одлучуваат да поминат една недела или три дена со својот водач во кампот. За некои тоа е првпат да го напуштат соседството. Кампот е неописливо добар: - добра храна, игри, пеење, танцување и смеа. Тука тие го слушаат и евангелието но и малку подлабока порака за нивниот Спасител Исус Христос и Неговата љубов спрема нив. Тоа е време на радикална трансформација за многу деца додека се среќаваат со Исус и нивните животи се менуваат засекогаш.

Возрасни кои се грижат — Комитет.​ Јанг Лајф прави разлика во животите на децата ширум светот затоа што сме поддржани од возрасните кои се грижат за децата во нивната заедница.

​ © 2004-2020 Young Life. All rights reserved.