Во светот на тинејџерите

​ Секојдневната реалност на младите станува сè повеќе и повеќе сложена. Тие бараат чувство на припадност, надеж и исполнет живот, но честопати доживуваат осаменост, депресија и празнина. Јанг Лајф сака да им даде надеж токму ним и да им покаже некои нови перспективи. Во Јанг Лајф, не започнуваме со програма и план. Започнува со возрасни луѓе кои се толку заинтересирани за младите што одат кај нив, влегуваат во нивните свет и култура и градат мостови на вистинско пријателство. Овие односи не се развиваат преку ноќ, ​ - за тоа треба време, трпеливост, доверба и сигурност.

Христијанство

Млади луѓе од сите средини и верувања се срдечно добредојдени и почитувани од нас. Ние сакаме да ја споделиме Божјата љубв со нив и да им дадеме можност да ја запознаат личноста на Исус Христос и да започнат врска со Hего. Ова треба да биде бесплатно и лесно. Ако сакате, ние нудиме можности за молитва и споделување за христијанската вера.

Ориентирани кон врска

Лица за контакт се водачите на Јанг Лајф, кои се ментори за многу млади во тешката фаза на адолесценција. Со градење на сигурни односи, ние им даваме чувство на припадност и надеж. Ова често резултира cо доживотни пријателства. Фокусот на нашата работа е секогаш на односите, нашите програми служат само како поддршка.

Охрабрување

Сакаме да ги промовираме и да ги поддржуваме младите индивидуално. Ова се прави преку групи и индивидуална поддршка во пријателство и менторски односи. Заедно со младите, развиваме и промовираме проекти и идеи за да се направи разлика во нивната животна средина.

​ © 2004-2020 Young Life. All rights reserved.